Италијански

ital

Се вели: англискиот јазик е најупотребуван и најмногу се учи, но италијанскиот јазик е најмногу учен за лично задоволство. Италијанскиот јазик е меѓу 25те најзборувани јазици во светот, но со право го носи називот ‘најубавиот јазик‘.  Се зборува во Италија, Сан Марино, Швајцарија,  Ватикан, Малта, Словенија, Хрватска.  Но, има милиони вљубеници во италијанскиот јазик и во Италија, ширум целиот свет.

Потекнува од латинскиот јазик, а Данте Алигиери се смета за татко на италијанскиот јазик.

Во ФРИЕНДС најмногу изучуван јазик е токму италијанскиот.  Покрај стандардната програма, водена од искусен и сертифициран професор, Фриендс има контуинирана соработка со професори, на кој што италијанскиот јазик им е матичен, па нашите слушатели имаат можност да имаат часови по конверзација и да го вежбаат изговорот, акцентот и интонацијата со нив.

Наставната програма која што моментално се користи во училиштето е Проггетто италиано.


Видови на курсеви:

Стандарден курс

Овој курс вклучува 32 часа организирани два пати неделно, па еден степен се завршува за 4 месеци. Еден час трае 90 минути.

Интензивен курс:

Интензивниот курс содржи 20 часа по 90 минути. Интензитето на наставата е два или три пати неделно во согласност со сите слушатели во групата.

Детски курсеви:

Овие курсеви, прилагодени на возраста на детето, траат 8 месеци, содржат 64 часа по 60 минути.

Интензивни летни курсеви:

Летните курсеви вклучуваат 18 часа по 90 минути, три пати во неделата и се завршува еден степен за 6 недели.

Индивидуални часови:

Еден час трае 60 минути и се организира во согласност на професор од бараниот јазик.