Реџо Калабрија, Италија

Френдс 19 години ве носи во Реџо Калабрија!

Реџо Калабрија се наоѓа во јужна Италија, на самиот теснец што ги поврзува Калабрија и Сицилија. Од едната страна излегува на Јонско море, а од другата страна на Тиренско море. Идеалната местоположба, овозможува идеален одмор на сите посетители. Сицилија е на само дваесетина минути одалечена.

Не само што ќе имате можност да уживате во двете прекрасни мориња, туку ќе можете да посетите преубави места кои се во околината Тропеа, Џераче, Месина, Таормина, вулканот Етна, Сиракуза, Палермо, Еолските острови – Липари, Панареа, Стромболи и уште многу мали волшебни места кои сами ќе ги откривате за време на вашиот престој таму.

Курсевите може сите да ги посетуваат, и почетници и некој што има напредно ниво на познавање на јазикот. Првиот ден се прави тестирање на универзитетот и ве сместуваат во група соовдетна на вашето знаење. Часовите се водени од италијански професори, сертифицирани да работат со странци.

За сите курсеви предвидени се 80 часа (во текот на еден месец) од понеделник до петок од 09.00 до 12.30 часот. За нивоата Б1, Б2 и Ц1 предвидени се часови и попладнето до 15 часот.

Потоа сте слободни да си одите на плажа.

Финалниот тест се прави на крајот од месецот, но мора да имате 80% присутност на часовите, во спротивно нема да имате право да го полагате.

Сертификатот што се добива е интернационален!

Часовите се организирани на следниот начин:

– Conversazione – Конверзација
– Lingua – Граматика
– Ligua scritta – Вежбање на пишување
– Audiovisivi – Гледање на филмови, слушање на музика

Се обработуваат актуелни теми, а наставниот материјал е вклучен во цената.

После секој час имате пауза, а во близина на универзитетот има кафулиња и ресторани, па можете да појадувате/ручате за многу прилагодливи цени. Ќе имате и студентска картичка со која ќе имате попуст во многу кафулиња, ресторани, продавници и сл.

Сместувањето е во приватни апартмани, кои се наоѓаат во близина на униврзитетот и на плажата. Комплетно се уредени и располагаат со интернет.

Може да одберете еден месец, два или три месеца.

Датуми на почеток на курсевите:
29.05.2023 – 23.06.2023
26.06.2023 – 21.07.2023
07.08.2023 – 01.09.2023
04.09.2023 – 29.09.2023

Организираме и авионски превоз, вклучително и трансферот од аеродромот во Реџо до апартманите.

Италијанскиот јазик е еден од најубавите јазици во светот.

Идеално е кога би го учеле во Италија, покрај море!

Ајде да патуваме и учиме заедно!

Ќе пиеме cappuccino, spremuta d’arancia, vino, Capirosca alla fragola и ќе јадеме cornetto, pizza, spaghetti, dolci!

Ќе слушаме musica italiana и ќе се забавуваме на плажа!

Цена за еден месец 999 евра

Во цената е вклучено: авионски превоз до Реџо со високобуџетна авиокомпанија Алиталија (багаж до 23 кг), трансфер од аеродром до апартманите, сместување во апартмани со комплетно опремени кујни, школарина за еден месец и сертификат, една екскурзија организирана од факултетот, комплетна организација на патувањето.

Viaggiamo e studiamo l’italiano insieme!

Инфо: 078.374419