Тропеа, Италија

Тропеа е едно од најубавите гратчиња во Јужна Италија, кое е омилено на многу туристи од целиот свет.

Тропеа асоцира на сонце, море и незаборавни панорами.

Излегува на Тиренско море и се смета за едно од најмагичните места на калабриското крајбрежје, а нејзината плажа е една од најубавите 20 плажи во Европа.

Градот е типично италијански, со мали тесни улички каде што можете да најдете многу сувенири и типични производи од Калабрија.

La piccola università italiana е училиште за изучување на италијански јазик, сместено во срцето на градот.

Освојува веднаш со удобноста, топлината и гостопримливоста на сите што работат таму.

Изучувањето на италијанскиот јазик во една ваква атмосфера, опкружени со најубавото море и плажи е вистинско доживување кое се памети цел живот. Ќе имате можност да запознаете и луѓе од целиот свет.

Часовите се одржуваат секој работен ден од 09 до 13 часот и од 14 до 18 часот во зависност од нивото.

Во текот на денот се одржуваат 4 часа по 55 минути со пауза од 20 минути.

Се работи паралелно граматика и конверзација, а професорите се сертифицирани да работат со странци.

Групите се сочинети од 3 до максимум 8 слушатели.

Воннаставни активности: екскурзија со брод “La costa degli Dei”, мини крстарење по еолските острови во Сицилија – Липари, Стромболи, Вулкано, посета на Reggio Calabria, посета на Scilla, организирана вечера со дегустација на типични јадења и вина, кино вечер, организирана посета на музејот и катедралите во Тропеа, организирана посета на крајбрежјето на Амалфи, Помпеи, итн.

Сместувањето е во приватни апартмани кои имаат комплетно опремена кујна, машина за перење, WI-FI, еркондишн, некои од нив тераса со поглед на море и се наоѓаат блиску до самото училиште.

ЦЕНА за 2 недели: 1280 евра

Вклучено:
Изучување на италијански јазик во “La piccola università italiana”
Наставен материјал
Сертификат
Сместување (струја, гас, еркондишн, пешкири, постелнина)
Авионски превоз (Скопје-Белград-Рим-Ламециа)
Трансфер од Ламециа до Тропеа
Комплетна организација на патувањето

Не е вклучено:
Дополнителни и факултативни активности и екскурзии

Viaggiamo e studiamo l’italiano insieme!
Информации на тел. 078/374419