ЗА НАС

Цетарот за странски јазици FRIENDS, организира настава по: италијански, англиски, шпански, француски, германски, грчки, португалски јазик.

FRIENDS се труди редовно да ги следи сите актуелности што се однесува до анставните програми кои се користат во училиштето. Но, сепак центарот е претпознатлив тоа што секогаш изнаоѓал посебно креативни начини кои што изучувањето на еден странски јазик го прават поинтересно и позабавно – организација на тематски часови, театарски престави и тематски престави и тематски забави подржани од City Radio I Club FM.

Токму поради овие,  а секако и други случувања кои FRIENDS ги организира надвор од стандардната наставна програма, во училиштето владее исклучителна позитивнаенергија и е место каде што сите слушатели не само што изучуваат некој странски јазик, туку и здраво се забавуваат и постојано стекнуваат нови пријателства и искуства.

FRIENDS има соработка и со универзитетот за странци “Dante Alighieri” од  Reggio Calabria , Италија каде што секоја година организира курсеви по италијански јазик и им овозможува исклучителна можност на сите оние кои што ќе се решеат да го посетуваат курсот во Reggio , не само да го прошират своето знаење по италијански јазик, туку и да стекнат нови пријателства од целиот свет, и да уживаат во водите на Јонското и Тиренското море и прекрасните плажи, и на кратко да уживаат и да ја живеат Италија.