Трст, Италија

Дали некогаш сте биле во Трст, Италија?

Ние ви нудиме единствена можност, не само да го запознаете овој прекрасен град, туку и да научите италијански јазик и да бидете барем на кратко дел од магијата на италијанскиот стил на живот.

Трст се наоѓа во северна Италија, на брегот на Јадранското море и има околу 200.000 жители.

Тоа е едно мултикултурно место полно со многу интересна архитектура.

Градот има малку поинаков “шмек” за разлика од другите италијански градови, затоа што пред почетокот на 20 век никогаш не бил во состав на Италија. Најмногу време бил под австриска контрола.

И секако, нешта кои морате да ги видите доколку сте во Трст – Големиот канал заедно со двата моста – Ponte Rosso и Ponte Verde, плоштадот Sant’Antonio Nuovo, каде што се наоѓа и истоимената црква, потоа плоштадот Piazza d’Unità d’Italia кој е најголемиот плоштад и излегува директно на море, потоа римскиот амфитеатар, тврдината Castello di San Giusto, дворецот Miramare, итн.

La piccola università italiana е училиште за изучување на италијански јазик, сместено во центарот на градот.

Освојува веднаш со удобноста, топлината и гостопримливоста на сите што работат таму.

Можноста да го изучувате италијанскиот јазик во Трст, а сепак да бидете на море, во близина на прекрасни плажи на Јадранското море, да запознавате луѓе од целиот свет е навистина единствена.

Италијанската храна, сладолед, кафе, вино, само ќе го надополнат впечатокот.

Часовите се одржуваат секој работен ден од 09 до 13 часот и од 14 до 18 часот во зависност од нивото.

Во текот на денот се одржуваат 4 часа по 55 минути со пауза од 20 минути.

Се работи паралелно граматика и конверзација, а професорите се сертифицирани да работат со странци.

Групите се сочинети од 3 до максимум 8 слушатели.

Воннаставни активности: екскурзија со брод “Аlla scoperta della Riserva Marina di Miramare”, екскурзија со автобус – посета на Venzone (прогласено за најубаво место во Италија во 2017 год), прошетка со водич низ Трст, организирана вечера со дегустација на типични јадења и вина, кино вечер, организирана гледање на филмови, одење на коцерти, итн.

Сместувањето е во приватни апартмани кои имаат комплетно опремена кујна, машина за перење, WI-FI, еркондишн и се наоѓаат блиску до самото училиште.

Нудиме две програми:

ПРОГРАМА 1 (од 16 години нагоре):

ЦЕНА за 2 недели: 980 евра
Вклучено:
Изучување на италијански јазик во “La piccola università italiana”
Наставен материјал
Сертификат
Сместување (струја, гас, еркондишн, телевизор, пешкири, постелнина)
Авионски превоз (Скопје-Венеција)
Трансфер од Венеција до Трст
Комплетна организација на патувањето
Не е вклучено:
Дополнителни и факултативни активности и екскурзии

ПРОГРАМА 2 – ЈУНИОР (од 12 до 16 години):

ЦЕНА за 2 недели: 1990 евра
Вклучено:
Изучување на италијански јазик во “La piccola università italiana”
Наставен материјал
Сертификат
Сместување (струја, гас, еркондишн, телевизор, пешкири, постелнина)
Надзор 24/7
Доручек, ручек и вечера
Авионски превоз (Скопје-Венеција)
Трансфер од Венеција до Трст
Комплетна организација на патувањето
Не е вклучено:
Дополнителни и факултативни активности и екскурзии

Viaggiamo e studiamo l’italiano insieme!
Информации на тел. 078/374419