ОРГАНИЗАТОРОТ:
Центарот за странски јазици “Friends” од Скопје веќе 20 години соработува со универзитетот за странци “Dante Aligheri” од Reggio Calabria, Италија. Friends групно и индивидуално организира курсеви по италијански јазик и култура.
Се патува авионски до Реџо. Организирани се и трансферите, кои се вклучени во цената.
ФАКУЛТЕТОТ И КУРСОТ ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК
“Dante Alighieri” Reggio Calabria
Курсевите по италијански јазик на факултетот “Dante Aligheri” во Reggio Calabria,може да ги посетуваат сите од 16 годишна возраст па нагоре. Во зависност од нивото, курсевите траат од еден до два месецa. Нивоата се A1, A2, B1, B2, C1, C2.
Сите студенти пред почетокот на курсот прават приемен тест за одредување на нивото на познавање на јазикот. Оние кои никогаш не го изучувале јазикот одат дирекно во A1.1 нивото.
Наставата се одвива од понеделник до петок од 9:00-12:45h или до 14:45h зависно од нивото и групата. После секој час има кратка пауза која може да се искористи за кафе или ручек. Во цената на курсот е вклучен и учебникот од кој се изучува наставата. Исто така секој месец факултетот организира бесплатно еднодневно патување за сите студенти на некоја од прекрасните локации во Калабрија.
Надвор од наставата факултетот исто така нуди бесплатни семинари за италијански филм, фотографија, литература, кулинарство итн.
Наставните предмети вклучуваат: граматика, конверзација, audio visivi (слушање музика, гледање филмови), кулинарство итн. Факултативно, за време на викендите се организираат екскурзии во Калабрија (Тропеа, Џераче, Пицо и др) и Сицилија (Таормина, Етна, Сиракуза, Палермо, Липари, Панареа и др)
СМЕСТУВАЊЕТО
Сместувањето е во приватни апартмани кои се наоѓаат во непосредна блзина на факултетот и на градската плажа. Градски превоз во Реџо нема да ви биде потребен, затоа што сè ви е блиску.
Во еден апартман може да бидат сместени од 4 до 6 лица, во зависност од големината на станот.
Становите имаат комплетно опремена кујна, машина за перење, интернет.
На почетокот од престојот се остава капар од 100 евра, кој доколку немате направено никаква штета, ви се враќа при крај на летувањето.
– авионски превоз до Reggio Calabria
– трансфер од аеродром до апартманите
– сместување во апартмани комплетно опремени, со интернет
– школарина за еден месец
– наставни материјали и сертификат
– трошок за електрична енергија и гас
– комплетна организација на патувањето
*Во цената не е вклучено:
– факултативни екскурзии.
Датуми на почеток на курсевите за 2025 година:
02.06.2025 – 28.06.2025
01.07.2025 – 30.07.2025
03.08.2025 – 30.08.2025
31.08.2025 – 27.09.2025
Инфо и пријавување: